Порошенко ги смени министерот за одбрана и началникот на Генералштабот

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко го предложи генерал-полковникот Валериј Хелетеј за министер за одбрана и на Врховната рада ќе и предложи да го назначи на функцијата, соопштија американските медиуми.

Во моментов 46-годишниот Хелетеј е шеф на безбедността во претседателската и парламентарната администрација. Тој на функцијата ќе го замени сегашниот министер Михајло Ковал.

За началник на Генералштабот е предложен Виктор Муженко, пренесе ИТАР-ТАСС. –

Безбедносниот блок во услови на воена операција има потреба од засилување и од сериозно, комплексно и системско реформирање, рече Порошенко на средбата со лидерите на пратеничките групи во Парламентот.

Новите назначувања се поврзани и со предизборното ветување на претседателот дека вооружените сили на земјата ќе ги спаси од корупцијата, која им попречува на нивните напори да се справат со прорускиот вооружен бунт во источна Украина.

Претседателот уште додаде дека ќе го назначи Јуриј Косјук за прв заменик шеф на својата администрација. Тој ќе се занимава со „координирање на активностите и со зголемување на нивото на командување со овој безбедносно-репресивен блок во власта. Косјук е земјопоседник и е еден од најбогатите луѓе во Украина. Тој ветил дека „ќе ја прочисти армијата од крадци и митаџии“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми