Порошенко: Економскиот дел од договорот со ЕУ ќе биде потпишан по моето стапување на функција

Од:

Економскиот дел од договорот за асоцијација на Украина со Европската унија треба да биде потпишан веднаш по моето стапување на функција, изјави денеска избраниот за претседател на земјата Петро Порошенко, пренесува ИТАР-ТАСС.

Порошенко истакнува дека тоа ќе овозможи спроведување на антикорупциски мерки и пакети реформи во најкраток можен рок.

Во соопштението објавено од неговата прес служба, Порошенко изразува надеж дека ЕУ, што постојано го поддржува европскиот избор на Укрина, ќе ја поддржи и позицијата за итно потпишување на економскиот дел од договорот.

Политичкиот дел од договорот беше потпишан во март. Одбивањето на претходните украински власти да го потпишат договорот во ноември беше повод за избувнување на криза во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми