Порошенко демантира дека имало украински воен авион во близина на малезискиот „Боинг“

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко ги отфрли тврдењата на Русија дека украински авион-ловец летал во близина на малезискиот „Боинг“, кој минатата недела се урна во источна Украина со 298 патници и членови на екипажот.

Тој истакна дека украинските авиони во реонот биле приземјени во моментот на несреќата.

– Тоа не е вистина. Отворени сме за секаква истрага на нашите авиони. Кога руското Министерство за одбрана дава такви изјави, тогаш тоа треба и да го докаже. Небото над Украина се набљудува од многу сателити и системи за ПРО. Сите знаат дека во моментот на оваа трагедија сите украински авиони во радиус од неколку стотина километри од местото на несреќата беа на земја, нагласи Порошенко.

Тој додаде дека „Киев има докази кои даваат одговор на прашањата кога, каде и како се случила несреќата на малезискиот патнички авион, а сите материјали ќе им бидат предадени на меѓународните експерти, кои ги истражуваат причините за авионската трагедија“.

Членот на Генералштабот на руските Вооружени сили, генерал Андреј Картополов изјави денеска дека украински авион-ловец Су-25 се наоѓал на три до пет километри од малезискиот „Боинг“ непосредно пред тој да се урне.

– Регистриран е премин на украински авион Су-25 во правец на малезискиот „Боинг“, кој тогаш бил оддалечен на три до пет километри. Авионот-ловец Су-25 може да достигне височина од 10.000 метри. Тој е вооружен со ракети „воздух-воздух“, кои можат да уништат цели на растојание до 12 километри и гарантираат сигурно уништување на цел до пет километри, истакна Картополов, кој е начелник на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб.

Тој нагласи дека тоа може да се потврди од видео снимки, добиени од Ростовскиот центар за набљудување.

– Сакаме да добиеме одговор на прашањето со каква цел украинскиот авион летал во цивилен коридор и на исто летечко ниво со малезискиот „Боинг“, објасни Картополов на прес-конференција во Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми