Новоизбраниот претседател на Украина, Петар Порошенко изјави дека гледа дека целиот свет е со Украина и нејзината борба за слобода и демократија и дека Крим ќе биде украински.
-Убеден сум дека ќе бидеме во состојба да покажеме дека во Украина ќе се развива демократија, дека државата ќе тргне по стапките на Европа. Крим ќе стекне слобода и повторно ќе биде украински, а Украина ќе биде заедно со Крим, рече тој на свеченото врачување на Првата награда за солидарност на лидерот на кримските Татари, Мустафа Џемилев.
Тој истакна дека Украинците плаќаа висока сметка за својата желба да и се приклучат на Европа.
Инаку новиот украински претседател беше поканет од својот полски колега Броњислав Коморовски, по повод 25-годишнината од одржување на првите слободни избори во Полска и на средба со претседателот на САД, Барак Обама иако се уште не е извршена неговата официјална инаугурација.
Е. Г.