Порошенко бара Минск да биде домаќин на руско-украински разговори

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара од Белорусија да организира и биде домаќин на разговори меѓу руски и украински претставници посветени на договор за пристап до местото на урнатиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во источна Украина.

– Петро Порошенко контактираше со белорускиот претседател Александар Лукашенко и го повика да организира состанок во Минск во четврток меѓу поранешниот украински претседател Леонид Кучма, рускиот амбасадор во Украина Михаил Зурабов и претставник на Ораганизацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), се наведува во соопштение на украинскиот претседател.

Тема на разговорите во Минск ќе биде „пристапот на меѓународните експерти до местото на несреќата„ се наведува во соопштението.

Меѓународната група ескперти три дена по ред не успева да стигне до месото на авионската несреќа поради судирите меѓу украинските и проруските сепаратиситчки сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми