Порошенко: Ако не се почитува мировниот план украинските сили ќе одговорат соодветно

Од:

Доколку не се почитува мировниот план украинските војници ќе одговорат соодветно на ситуацијата, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Украина сака мир и решавање на ситуацијата по мирен пат, истакна Порошенко.

Тој нагласи дека мировниот план е прифатен со одобрение од меѓународната заедница, меѓу кои американскиот претседател Барак Обама, шефот на француската држава Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Добивме голема поддршка за нашиот план и висока оценка за дејствувањето на украинските вооружени сили, додаде Порошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми