Поранешниот романски претседател Јон Илиеску почина денес на 95-годишна возраст

Од:

Поранешниот романски претседател Јон Илиеску почина денес на 95-годишна возраст, објави Антена Обзерватор.

Тој беше хоспитализиран на 9 јуни поради респираторни проблеми, кога лекарите му дијагностицираа рак на белите дробови.

Поранешниот шеф на државата на Романија имаше редовни прегледи во болницата Елиас. Во април 2019 година, Јон Илиеску беше опериран од лекарите во Институтот „ЦК Илиеску“, а неговата дијагноза беше течен перикардитис – срцева тампонада.

Јон Илиеску не се појавуваше во јавноста во последните години, но објавуваше пораки на својот блог. Последната таква порака беше на 19 мај, во која му честиташе на Нишор Дану за победата на претседателските избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод е погоден од дронови на 25 километри од романскиот брег – има загинати и исчезнати

(ВИДЕО) На ТикТок се закани, па со нож повреди наставник и ученик

А1он

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он

Познат генерал пронајден мртов

(ВИДЕО) Романски Ф-16 уништи морски дрон со експлозив во близина на гасната платформа „Нептун“

Хаос во Романија: Пронајдени остатоци од повеќе дронови, војската на терен

Предраг Петровиќ