Поранешниот претседател на Јужна Кореја е обвинет за злоупотреба на службената должност

Од:

Специјалниот обвинител на Јужна Кореја поднесе ново обвинение против поранешниот претседател на земјата, Џун Сук Јеол, за наводна злоупотреба на службена должност за време на прогласувањето воена состојба на 3 декември, објави тимот обвинители.

Ова е трето обвинение против Јун, со притвор, по претходните во јануари и март, кои исто така беа поврзани со неговото однесување за време на воената состојба и други злоупотреби на неговата позиција, објави Јонхап.

Според тимот предводен од специјалниот обвинител Чо Еун-сук, Јун е обвинет за кршење на правата на членовите на кабинетот за време на одлуката за воведување воена состојба, за ретроактивно собирање документи и за наредба за бришење на податоци од шифрирани телефони.

Иако обвинителите постојано се обидуваа да го испрашуваат од неговото повторно апсење минатата недела, Јун одби да се појави на сослушувањето.

Истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во Варшава: Полскиот претседател итно се враќа од странство

Германскиот министер одби заедничка фотографија со Лавров, Москва реагира: „Се исплаши“

Криста Пајк (50), која преживеа неуспешно погубување со смртоносна инјекција, првпат проговори: „Сè уште чувствувам болка“

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина