Поранешниот претседател на Гамбија украл 50 милиони државни пари

Од:

Поранешниот претседател на Гамбија, Јахја Џамех украл најмалку 50 милиони долари од парите на државата, пред да биде сменет од власта, соопшти гамбискиот министер за правда Абубакар Тамбаду.

Според него, парите се извлекувани од земјата во периодот меѓу 2006 и 2016 година преку државната телекомуникациска компанија.

По ваквите откритија, Судот во Банџул нареди целиот преостанат имот на Џамех да биде замрзнат.

Во јануари годинава Џамех побегна во Екваторијална Гвинеја, по 22 години автократско и сурово владеење во земјата, откако лани во декември доживеа пораз на изборите со тесен резултат, но потоа одбиваше да ги прифати резултатите и да ја предаде власта.

Тој првично одбиваше да ја предаде должноста, но потоа се повлече од функцијата по испратена закана дека ќе биде соборен со меѓународна интервенција.

Според новите гамбиски власти, при бегството Џамех во еден изнајмен товарен авион со себе однел луксузни автомобили и други скапи предмети, што не се негови лични, туку и припаѓаат на дражавата.

Вредноста само на овие украдени предмети се проценува на 11 милиони долари.

Гамбија е мала западноафриканска земја која од три страни е заобиколена од Сенегал, но излегува на Атланскиот Океан.

Би можело да ве интересира

Гамбија: Индиски производител на лекови одговорен за смртта на најмалку 70 деца од акутна болест на бубрезите

А1он

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19

Ана Ололовска

Гамбија ја обвини Мјанмар за геноцид врз Рохинџите пред судот на ОН во Хаг

Ана Ололовска

Почина првиот демократски избран претседател на Гамбија

Ана Ололовска

Поранешниот лидер на Гамбија замина во егзил со 11,4 милиони долари и луксузни возила

Ана Ололовска

Стејт департментот: САД ја поддржува воената интервенција во Гамбија

Ана Ололовска