Поранешниот грузиски министер за одбрана уапсен во Франција

Од:

Поранешниот грузиски министер за одбрана, Давид Кезерашвили, кој во Грузија е баран поради обвинение за корупција, е уапсен во Франција, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи.

Кезерашвили беше уапсен вчера во Париз и во моментот се разгледува прашањето за негова екстрадиција во Грузија.

Истрагата против поранешниот министер е еден од судските процедури, поднесени против сојузниците на грузискиот претседател Михаил Саакашвили, по расцепот на неговата партија на парламентарните избори во октомври минатата година.

Саакашвили, кој ја напушта функцијата по претседателските избори, закажани на 27 октомври, тврди дека тие судски процеси се лов на вештерки против него и неговите сојузници.

 

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија