На вкупно осум години затвор под обвинение за трговија со влијание, перење пари и финансиски активности несоодветни за неговата должност е осуден поранешниот министер за финансии на Романија, Дариус Валков.
Вкупната казна е збир од сите казни изречени во пресудата.
Од Валков ќе се конфискува и сума од 6,2 милиони леи (1,3 милиони евра), запленета од страна на обвинителите од Националната дирекција за борба против корупција.