Поранешен израелски министер за одбрана го обвини Израел за воени злосторства

Од:

Поранешниот израелски министер за одбрана, Моше Јаалон денеска го обвини Израел за воени злосторства и етничко чистење во Појасот Газа.

Јаалон, кој беше министер за одбрана на Израел од 2013 до 2016 година, изјави за израелската телевизија Кан дека „тврдокорните во екстремно десничарскиот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“ се обидуваат да ги отстранат Палестинците од северниот дел на Газа и повторно да воспостават населби таму.

„Принуден сум да предупредам за тоа што се случува таму и што ни се крие. На крајот на краиштата, беа извршени воени злосторства“, рече тој, пренесе Ал Џезира.

Партијата Ликуд на Нетанјаху го обвини Јаалон за ширење „клеветнички лаги“.

Министерот за надворешни работи, Гидеон Сар рече дека неговите обвинувања се неосновани.

„Се што прави Израел е во согласност со меѓународното право и срамота е што поранешниот министер Јаалон не ја сфаќа штетата што ја направи и ги повлекува изјавите“, рече тој на конференцијата организирана од локалниот весник Израел Хајом.

Би можело да ве интересира

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила