Поранешниот грузиски министер за одбрана Иракли Окриашвили се приклучи на Меѓународната легија на украинската армија.
Former Defence Minister of Georgia Irakli Okruashvili arrived in Ukraine together with Georgian volunteers to fight against the racist occupiers pic.twitter.com/RMTtBEnrLL
— Hromadske Int. (@Hromadske) March 8, 2022
„Иракли Окриашвили во Украина со грузиските доброволци ни помага во борбата против руските окупатори“, соопшти Министерството за одбрана на Украина.
Окриашвили дошол во Украина со други грузиски доброволци, додаваат тие.
Иракли Окриашвили беше на чело на грузиското Министерство за одбрана од 2004 до 2006 година. Пред тоа беше министер за внатрешни работи.