Клучниот југоисточен украински град Мариупол на Азовското Море остана без електрична енергија по нападите на руските сили кои напредуваат, изјави денеска шефот на регионот Павло Кириленко.
– Мариупол и Волноваха се наши! Двата града се под притисок на непријателот, но тие се држат. Во Мариупол, електричните линии се прекинати и градот е без струја. Двата града се под притисок на непријателот, но тие се држат. Во Мариупол, електричните линии се прекинати и градот е без струја, објави Кириленко на Фејсбук.
Двата града се наоѓаат помеѓу територијата што ја држат сепаратистите поддржани од Русија и полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година. Мариупол е важен пристанишен град, со население од околу 500.000 луѓе, додека во Волноваха живеат приближно 20.000 луѓе.
Мариупол во 2014 година кратко време беше окупиран од промосковски сепаратисти.