Поради поплави во Џакарта евакуирани илјадници луѓе

Од:

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од периферијата на главниот град на Индонезија, Џакарта, поради поплави по пукањето на брана на реката Цитарум.

Округот Бекаси во индонезиската покраина Западна Јава од саботата е под вода поради обилните дождови.

Индонезиските власти соопштија дека сезонските дождови предизвика уривање на браните не само на реките туки и на каналите за наводнување, а од надојдената вода погодени се повеќе од 28.000 луѓе. Илјадници куќи се под вода, а на одредени места надојдената вода достигнува и до 2,5 метри.

Обилните дождови предизвика и десетина свлечишта и полави во поголемиот дел на Индонезија, која се простира на повеќе од 17.000 острови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови