Густ смог во Пекинг ги натера властите во главниот кинески град да им препорачаат на 20-те милиони жители да останат денеска во своите домови, доколку е тоа возможно.
Органите за контрола ма животната средина нагласија дека препораката треба да ја почитуваат најмногу луѓето кои имаат хронични болести и децата.
Од вчера нивото на фини честички прав во воздухот достигна 490 микрограми на метар кубен.
Дозволената просечна вредност на фините честички прав во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.