Пономаров: Ќе преговараме за ослободување на заложниците само ако ЕУ ги укине санкциите

Од:

Самопрогласениот градоначалник на украинскиот град Славјанск, Вјачеслав Пономаров денеска изјави дека ќе преговара за ослободување на киднапираните набљудувачи на ОБСЕ, само ако ЕУ ги укине санкциите за некои од проруските сепаратистички лидери.

Пономаров изјави дела забраната за влез на територијата на ЕУ и замрзнувањето на сметките на Денис Пушлин и Андреј Пургин „не придонесуваат за дијалогот“. Пушлин е лидер на т.н. „Доњецка Народна Република“, а Пургин има важна позиција во самопрогласената област.

Пономаров истакна дека ако ЕУ не ги укине санкциите, сепаратистите ќе го блокираат пристапот на претставниците на ЕУ до нивните територии.

Шестмина воени набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) минатата недела беа киднапирани од страна на сепаратистите.

Во меѓу време, ОБСЕ соопшти дека нејзиниот генерален секретар Ламберто Заниер ќе го посети Киев и ќе има средба со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми