Полскиот претседател одби заедничка фотографија со светските лидери, поради Лукашенко

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда одби да се појави на заедничка фотографија со другите лидери на климатскиот самит COP29 во Баку.

Причината за ваквата одлука лежи во неговата одлука да не биде дел од фотографијата со белорускиот лидер Александар Лукашенко. Оваа неофицијална информација, објавена од полската новинска агенција ПАП, укажува на политички тензии кои влијаат на дипломатските односи меѓу Полска и Белорусија.

Ова не е првпат Анджеј Дуда да одбие да се појави на заедничка фотографија на самитот за климата. Минатата година истото сценарио се случи и на COP28 во Дубаи, каде Дуда исто така не сакаше да се фотографира за заедничка фотографија со учесниците на самитот.

Овој потег укажува на конзистентниот однос на полскиот претседател кога се во прашање политичките односи со другите земји.

Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а овогодинешниот состанок беше организиран во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“.

Претседателот Анджеј Дуда ја претставува Полска на овој самит и ќе остане во Баку до среда, 13 ноември.

Би можело да ве интересира

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Дуда: Ако Русија ја победи Украина, може да нападне и други земји

Политико: Полска го користи Дуда за да го сврти Трамп против Путин