Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Од:

Унгарија денеска не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската Унија со Украина и Молдавија, изјавија двајца дипломати на ЕУ за „Политико“.

Европската Унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, по што украинскиот вицепремиер Тарас Качка изјави дека целта на Киев е до средината на јули да бидат отворени сите шест кластери.

Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија денеска беше единствената земја членка на ЕУ што се спротивстави на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. По состанокот беше соопштено дека прашањето повторно ќе биде разгледано следната недела.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но инсистираше од писмените заклучоци од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, одржан минатата недела, да бидат избришани зборовите „што е можно побрзо“, кои се однесуваа на членството на Украина во Унијата.

На прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на Европскиот совет минатата недела, Маѓар навести дека не се согласува со предлогот за забрзување на преговорите со Украина.

– Постојат шест кластери и не мислам дека е добра идеја сите шест да се отворат одеднаш – делумно затоа што мастилото на првиот сè уште не се исушило, а делумно затоа што тоа би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската Унија – изјави Маѓар.

Би можело да ве интересира

Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија

Маѓар: Последната турбина во нуклеарната централа Пакш работи стабилно

ВИДЕО: Аларм во Србија, Унгарија најави исклучување на нуклеарка поради екстремно ниското ниво на Дунав

Маѓар го истражува унгарскиот кредит за Македонија

Горан Наумовски

Петер Маѓар ги критикуваше Фидес и унгарскиот претседател Тамаш Шуљок

Маѓар: Владата на Тиса ја врати Унгарија во Европа уште во првите 50 дена

А1он