Маѓар го истражува унгарскиот кредит за Македонија

Од:

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави ревизија на кредитот што претходната влада на Виктор Орбан ѝ го одобри на Македонија, наведувајќи дека станува збор за еден од четирите случаи кои се предмет на проверка поради сомнежи околу работењето на државната Ескимбанка и други државни компании.

Во фокусот на истрагата е заемот од една милијарда евра, кој беше одобрен преку унгарската државна Ескимбанка со каматна стапка од 3,25 проценти.

Маѓар оцени дека условите под кои е доделен кредитот се невообичаено поволни, посочувајќи дека каматата е пониска од онаа што ја плаќаат унгарските компании и граѓани за кредити, но и од трошоците по кои самата унгарска држава се задолжувала на меѓународните пазари.

На брифинг со новинарите, одржан денес, Маѓар истакна дека околностите под кои е склучен договорот не биле доволно транспарентни. Според него, јавноста во Унгарија не била навремено информирана за заемот, а како пример го наведе тоа што информацијата за втората транша од кредитот, во износ од 500 милиони евра, прво била објавена од македонска страна, додека тогашната влада во Будимпешта не излегла со официјално соопштение.

Унгарскиот премиер најави дека ревизијата треба да утврди дали при одобрувањето на кредитот биле почитувани сите законски процедури и дали договорот бил во интерес на унгарските даночни обврзници.

Би можело да ве интересира

Петер Маѓар ги критикуваше Фидес и унгарскиот претседател Тамаш Шуљок

Маѓар: Владата на Тиса ја врати Унгарија во Европа уште во првите 50 дена

А1он

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

А1он

Маѓар: Миграциската политика на Орбан е една од најголемите политички измами

А1он

Маѓар сака да го ограничи протокот на работници надвор од ЕУ

А1он

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во ЕУ пред Украина, смета Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски