„Политико“ објави листа на најмоќните луѓе во Европа

Од:

Бриселскиот портал „Политико“ ја објави годишната листа на најмоќни луѓе во Европа односно листа на луѓе кои во 2020 година би можеле да го обликуваат континентот.

На врвот од листата е претседателот на Франција, Емануел Макрон, додека останатите 27 лица се поделени во три категории кои претставуваат три видови на моќ: луѓе од акција, попречувачи и сонувачи.

Овогодинешната листа се состои од 19 мажи и девет жени со најголема моќ и влијание во европската политика односно 20 политичари, четворица активисти, тројца јавни функционери и едно лице од технолошкиот сектор.

Според „Политико“ прв на листата е Макрон, „кој го искористи вакуумот што настана поради Брегзит, слабоста на Германија и кој го налути Европскиот парламент кога го критикуваше изборниот систем и се обиде да го изманеврира изборот на Урсула фон дер Лајен, но и кога се спротивстави на досегашната политика на проширување на ЕУ и спречи покренување на пристаните преговори со Северна Македонија и Албанија“.

Веднаш зад Макрон е Маргарет Вестагер од Данска, која е во групата луѓе од акција и доби втор мандат во Европската комисија како комесар за конкуренција.

Во категоријата луѓе од акција се претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, рускиот претседател Владимир Путин, британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Ирска, Лео Вардакар, поранешниот и најверојатно иден австриски канцелар Себастијан Курц и европскиот комесар за трговија Фил Хоган.

Во категоријата попречувачи има девет лица од кои прв е советникот на британскиот премиер Доминик Камингс, креаторот на кампањата за излегување од ЕУ.

На второ место е лидерот на германската партија Зелени, Роберт Хабек, кој минатата година успеа двојно да ја зголеми популарноста на неговата партија.

На листата на попречувачи се наоѓа и извршниот директор на Фејсбук, Дејвид Маркус, познат по тоа што се обидува да ја наметне криптовалутата Либра, лидерот на италијанското движење Пет ѕвезди, Матео Ренци, премирката на Шкотска, Никола Старџеон, шефот на германската агенција за заштита на податоците Јоханес Каспер, францускиот левичарски политичар Франсоа Руфин, претседателката на Словачка Зузана Чапутова која својата позиција за промоција на темите како корупција, животна средина и правата на ЛГБТ заедницата.

Во категоријата попречувачи е и досегашниот италијански министер за внатрешни работи и лидер на десничарската Лига, Матео Салвини, кој според „Политико“ „можеби остана без функција, но не излезе од кадарот“.

Во категоријата на сонувачи прва е шведската активистка Грета Тунберг која со своите активности изврши влијание врз бројни еколошки партии посебно во Германија, Белгија и Холандија. Потоа следат унгарскиот премиер Виктор Орбан кој важи за предводник на национализмот во ЕУ, францускиот министер за финансии Бруно ле Мер, Германката Карола Рекетер, која стана позната по спасувањето на мигранти во близина на италијанскиот брег, генералниот секретар на Европски парламент Клаус Веле и британската еврокомесарка за информирање Елизабет Денам.

На листата на сонувачи се и германскиот писател и издавач Готц Хубичек, кој го сметаат за гуру на партијата Алтернатива за Германија (АфД), германскиот министер за финансии Олаф Шолц, и вработениот во фирмата за достава „Деливеро“, Жан Даниел Замор, кој јавно проговори за работните услови на доставувачите.

„Политико“ истакнува дека можеби на листат не се највлијателните луѓе во Европа, туку они кои имаат важно и неочекувано влијание.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани