Полицијата во Словачка пронајде мртво новороденче во машина за перење

Од:

Словачка е сведок на трагедија што ја потресе јавноста.

Во населбата Нове Место во Братислава, полицијата пронајде тело на новороденче во машина за перење. За смртта на детето е осомничена 40-годишната државјанка на Виетнам која со години живее во Словачка.

Според полицијата, сè започнало кога жената дошла во болницата во Братислава поради силно крварење и болки. Лекарите откриле дека таа неодамна се породила, но не го донеле детето во болница.

После тоа, полицијата отишла во нејзиниот стан каде што го пронашла телото на новороденчето завиткано во ткаенина и скриено во машината за перење.

Во моментот на породувањето, наводно, во станот имало гости, но жената, според нејзините зборови, се повлече во бањата бидејќи не беше свесна дека е бремена и мислеше дека има здравствен проблем.

На сослушувањето пред судот, таа изјави дека не знаеше дека носи дете и дека породувањето се случи ненадејно.

„Имав ужасни болки, паѓав, губев свест. Не можев повеќе да мислам на детето. Жал ми е“, рече таа, според словачките медиуми.

Освен мајката, полицијата го приведе и мажот за кој се тврди дека е татко на детето, исто така од виетнамско потекло.

Тој е испрашуван под сомнение за прикривање докази, но досега против него не е покренато обвинение.

Мајката моментално е во болница под медицински надзор.

Обвинителството ја обвини за кривично дело – чедоубиство, за кое словачкиот закон предвидува казна од четири до осум години затвор.

Би можело да ве интересира

На Детската клиника во Скопје е донесено мртво машко бебе

Мајката се породила дома, мртво новороденче донесено на Детска клиника

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид