Полицијата во Одеса почна со ослободување на уапсените проруски активисти

Од:

Полицијата во Одеса денеска почна да ослободува проруски активисти, уапсени во судирите пред два дена, соопшти прес службата на градската управа на МВР, пренесува ИТАР-ТАСС.

Претходно над 2.000 проруски активисти упаднаа во градската управа на полицијата во Одеса. Демонстрантите ја пробиле главната капија со два камиони и влегле во дворот на управата.

Тие барале да бидат ослободени уапсените на 2 мај приврзаници на федерализацијата, што биле уапсени додека бегале од опожарената синдикална зграда во градот.

Демонстрантите бараа и оставка на гувернерот на областа Владимир Немировкси, нарекувајќи го „убиец“ и обвинувајќи го за пожарот и судирите во центарот на Одеса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми