Полицијата во Еквадор заплени три тони кокаин

Од:

Полицијата на Еквадор заплени во специјална операција во пристаништето Гвајакил над три тони кокаин, соопшти еквадорското МВР.


Полицијата претресла три контејнери со конзерви со егзотично овошје и зеленчук, наменет за Алжир и Шпанија. Пронајдени биле околу 300 пакети со кокаин.


– Во Гвајакил запленети се 3,2 тони кокаин, подоцна ќе изнесеме информации за приведените, напиша на својот профил на Твитер министерот за внатрешни работи Хосе Серано.


Службеници на Националната управа за борба против наркотици спроведуваат дополнителна истрага во Гвајакил и Кито, за да ги пронајдат одговорните за превоз на кокаинот. 


Од јануари годинава досега во Еквадор се запленети 24 тони наркотици, вклучително кокаин, наменет за транспорт во САД и Европа.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда