Полицијата ги забрани протестите во Дака, во немирите повредени 10 лица

Од:

Полицијата во Бангладеш ги забрани сите протести во главниот град Дака и ја задржа лидерката на опозицијата Халеда Зија во нејзината канцеларија по немирите кои започнаа во пресрет на одбележувањето на првата годишнина од изборите, во кои се повредени најмалку 10 лица.

Зија најави за утре одржување на масовни протести во Дака под слоганот „Денот кога е убиена демократијата“, по повод првата годишнина од изборите на кои Националистичката партија на Бангладеш и нејзините сојузници одбија да учествуваат поради сомнеж дека владејачката партија ќе ги фалсификува резултатите.

Полицијата ги забрани на неопределено време сите протести и собири во Дака со цел да го спречи насилството, бидејќи владејачката партија најавила контрапротести.

До судир дошло во неколку градови во земјата, а полицијата употребила гумени куршуми и солзавец, со цел да ги растера стотиците опозициски активисти, при што биле повредени 10 луѓе.

Автобусите и траектите кои водат кон Дака не сообраќаат, со што градот е целосно блокиран, стравувајќи дека десетици илјади опзициски активисти би можеле да тргнат кон главниот град.

– Зија беше принудена да ја помине ноќта во својата канцеларија иако се обидуваше да замине со автомобилот, изјави нејзин советник.

Полицискиот инспектор Фироз Кабир ги демантираше тврдењата дека Зија на сила е задржана во канцеларијата.

Би можело да ве интересира

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ