Полиција провали во куќи во Дамаск и уби најмалку 16 лица

Од:

Најмалку 16 лица, од кои шест жени и три деца, погуби про-режимската полиција во Дамаск, јавува сириската агенција за човекови права.

„Полицијата влегла во нивниот дом во квартот Барза и ги убила со истрели од пушка”, потврди Рами Абдел Рахман, претседател на агенцијата.

Меѓу жртвите се татко и неговите три деца, една жена и нејзиниот син и еден брачен пар со нивната ќерка, објави Комисијата на сириската револуција, мрежа на милитантите. Во средата во Дамаск пријавени се жртви и меѓу новинарите.

Еден ирански новинар на англофонската станица Прес ТВ беше застрелан од снајперист, а Шеф на дописништвото на арапската ТВ-станица Ал-Алам е ранет во средата во сирискиот главен град, изјавија нивните работодавци.

„Дописникот на Прес ТВ е застрелан од снајперски куршум во сирискиот главен град”, објави Прес ТВ на својата интернет страница.

Телевизиска станица Ал-Алам објави дека е ранет шефот на нејзиното биро во Дамаск, Хусеин Мортада.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад