Полицајци и војници упаднаа во Парламентот на Папуа Нова Гвинеја незадоволни од неисплатени бонуси

Од:

Полицајци и војници денеска упаднаа во Парламентот на Папуа Нова Гвинеја, во знак на протест поради неисплатените бонуси за нивната работа за време на Самитот на Организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), одржан изминатиот викенд.

Како што јави австралиската телевизија Еј-Би-Си, тие го блокираа патот што води до зградата на Парламентот во главниот град на Папуа Нова Гвинеја, Порт Морсби.

Полицајците и војниците се незадоволни бидејќи не им е исплатена ветената дополнителна заработка за време на меѓународната средба.

Како знак на револт тие кршеа прозорци, врати и мебел. Неколку пратеници изјавија дека се затвориле во своите канцеларии.

На меѓународната средба, што се одржа на 17 и 18 ноември, учествуваа шефовите на држави или влади на Австралија, Брунеи, Виетнам, Индонезија, Канада, Кина, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Перу, Русија, Сингапур, САД, Тајланд, Филипини, Чиле, Јужна Кореја и Јапонија, како и претставници на раководствата на Хонг Конг и Тајван.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пронајдени се само пет тела, повеќе 2000 луѓе затрупани во Папуа Нова Гвинеја

(ВИДЕО) Свлечиште затрупа село во Папуа Нова Гвинеја – се стравува дека има стотина загинати

Тројца загинати во разорниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Десетици луѓе се убиени во Папуа Нова Гвинеја

Австралиски универзитетски професор и студенти киднапирани во Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски

Најмалку пет лица загинаа во земјотресот од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски