Полицаец во САД застрела тинејџер кој му впери пиштол-реплика

Од:

Полицаец во Јутика, во северниот дел на американската сојузна држава Њујорк убил тинејџер кој му вперил пиштол реплика додека бегал, соопшти полицијата.

Пукањето се случило во петокот вечерта откако полицијата запрела двајца млади момчиња околу 22.18 часот пренесе АП.

Еден од нив побегнал и вперил пиштол кон полицајците, се вели во соопштението на полициската управа. Еден од полицајците испукал еден истрел кон тинејџерот, кој бил пренесен во болницата Вин, каде што починал од повредите.

Полицајците подоцна пронајдоа пиштол реплика GLOCK 17 Gen 5 со рамка, се вели во соопштението. Полицијата не го соопшти идентитетот на полицаецот или тинејџерот, за кој велат дека има 13 години и има азиско потекло.

Полицијата соопшти дека ќе објави извештај со „сеопфатен преглед на настаните“ во следните неколку дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во складиште во САД: Неколку се повредени, напаѓачот е во бегство

Ранети се двајца полицајци во престрелка во станбена зграда во Конектикат

(ВИДЕО) Престрелка во супермаркет во САД, најмалку три лица загинаа, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице е убиено, а две се ранети во пукање во средно училиште во Тенеси

(ВИДЕО) Пукање во Њујорк, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на загинати во престрелката во Њу Орлеанс