Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

Од:

Јужнокорејските обвинители денеска официјално покренаа обвинение против суспендираниот претседател на земјата Јун Сук-Јол поради краткотрајното воведување воена состојба во декември минатата година, јави јужнокорејска новинска агенција.

Според законот, рокот за држење на Јун Сук Јол во притвор истекува утре, откако тој беше приведен на 15 јануари од Службата за истражување корупција на високи официјални претставници.

Тој беше уапсен на 19 јануари, а Службата го префрли случајот на обвинителството, бидејќи нема законски мандат да го обвини претседателот.

Јужнокорејскиот претседател беше отповикан откако на 3 декември прогласи воена состојба во земјата, која беше укината неколку часа подоцна со одлука на Парламентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски