Подољак: Очекувајте граѓанска војна во Русија

Од:

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави дека рускиот напад врз неговата земја ги забрза внатрешните процеси во Русија.

Тој додава дека овие процеси може да доведат до граѓанска војна.

„Не е дека сакам граѓанска војна (во Русија). Сепак, тоа ќе се случи без оглед на моите или нечии очекувања. Русија е гнила земја одвнатре“, рече Подољак.

Тој додаде дека не разработиле соодветен социјален договор, но дека во Русија се е засновано на забрани, пренесува Onet.pl.

„Тоа значи дека секогаш треба да ги затегнете завртките, кои сепак ќе се скршат порано или подоцна. Ова е стандардниот, класичен начин на Русија, кој отсекогаш бил познат“, вели Подољак.

Сепак, според Подољак, војната во Украина ги забрза деструктивните процеси.

Би можело да ве интересира

Киев: Мировниот план на Кина е нереален

Реакција на Украина: Путин јавно ја манифестираше конфузијата и ирелевантноста

Украина одговори: Путин да се врати во реалноста

Подољак: Киев не гледа знаци за повлекување на руските сили од Херсон