Поднесено обвинение против еден од најголемите лажговци во американската политика

Од:

Против републиканскиот претставник Џорџ Сантос, чии лаги по неговиот избор во ноември минатата година го забавуваа светот на политиката и медиумите, е поднесено обвинение пред федералниот суд, пишуваат американските медиуми. Точките од обвинението се уште не се познати. На прашањето на АФП, Министерството за правда не сакаше да ја коментира информацијата.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на три добро информирани извори, вели дека федералните обвинители поднеле обвиненија против Сантос, њујоршки пратеник, кој би можел утре да се појави на суд.

Џорџ Сантос (34), кој ги надувал финансиските приходи и ја „разубави“ својата биографија, призна дека измислил добар дел од својата биографија.

Конгресменот, кој се опиша себеси како „остварување на американскиот сон“, беше обвинет и дека лаже за својата верска припадност, тврдејќи дека е „горд на своето еврејско потекло“ иако пораснал во католичко семејство. Против него се водат неколку истраги, во Конгресот, во Њујорк и во Бразил.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“