Под урнатини на зграда во Индија пронајден куфер со 19 милиони рупии

Од:

Куфер со 19 милиони индиски рупии (околу 300.000 долари) бил пронајден меѓу остатоци на разурната зграда во северноиндискиот град Кедарнат, што во јуни беше зафатен од поплави, соопшти денеска полицијата.

Куферот бил пронајден меѓу остатоците на разурната банка, прецизира претставник на локалната полиција.

– Парите и припаѓаат на индиската државна банка и беа предадени во друга нејзина филијала, дополни тој.

Повеќе од 5.500 лица се водат за исчезнати по катастрофалните поплави што во јуни го зафатија северниот дел на Индија, а во нив беа однесени куќи, станбени блокови, па дури и цели села.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати