Почнуваат четиристраните разговори за кризата во Украина

Од:

Женева денеска е домаќин на четиристраните разговори посветени на кризата во Украина.

Во разговорите учествуваат Русија, Украина, ЕУ и САД. Тие ќе бидат предводени од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчица, Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и американскиот државен секретар Џон Кери.

Москва бара федерализација на Украина, но проевропските власти во Киев се против таквата идеја поради опасноста од распад на земјата.

Разговорите почнуваат додека во источниот дел на Украина ситуацијата е тензична, откако проруски активисти заземаа неколку згради, а киевските власти почнаа антитерористичка акција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми