Кандидатите за претседател на Украина ја почнуваат денеска предизборната кампања со претставување на националната телевизија.
На секој од 23-та кандидати му е доделено бесплатно време за промоција на Првиот канал на националната телевизија двапати во периодот од 22 април до 22 мај и двапати на Првата национална радио програма од 5 до 23 мај.
Редот на телевизиските и радио обраќањата на кандидатите е одреден од Централната изборна комисија.
Девет од 23. кандидати се номинирани од политички партии. Меѓу нив се Јулија Тимошенко од партијата Татковина, поранешниот заменик-министер за одбрана Антолиј Гриценко од Граѓанската позиција, Петро Симоненко од Комунистичката партија, Олег Тјагнибок од Слобода и Дмитро Јарош од Десниот сектор, по кого е покрената меѓународна потерница.
Останатите учесници самите ги поднеле своите кандидатури, а меѓу нив се бизнизменот Петро Порошенко, кој смета на поддршката на партијата УДАР на Виталиј Кличко, како и Михаил Добкин, поддржан од Партијата на регионите.