ООН ги повика земјите донатори да обезбедат 3,85 милијарди долари хуманитарна помош за Јемен во 2021 година, како поддршка на 16 милиони Јеменци.
„Меѓународните донатори сега мора да преземат активности за да се спречи ширењето на глад во Јемен“, се наведува во соопштението од Светската организација. „Финансирањето за донаторските операции нагло се намалува. ОН апелира 3,85 милијарди долари да се соберат оваа година за да им се помогне на 16 милиони Јеменци кои имаат очајна потреба од помош”, се наведува во соопштението.
ООН потсети дека е потребна поддршка за две третини од Јеменците „за нивни опстанок“. Во исто време, 50.000 луѓе веќе се соочуваат со глад и им се заканува смрт. Речиси половина од децата на возраст под пет години страдаат од акутна неухранетост, а 400.000 од нив можат да умрат без итен третман.
– За повеќето луѓе, животот во Јемен е веќе неподнослив. Децата во Јемен се наоѓаат во пеколни услови, истакна генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш во врска со спроведувањето на онлајн конференцијата. – Војната зафати цела генерација Јеменци. Треба да го прекинеме ова и веднаш да започнеме да се справуваме со огромните последици, рече тој.
Повеќе од 100 земји ќе учествуваат на министерско ниво на форумот за собирање средства за Јемен, а домаќин на онлајн средбата се Швајцарија и Шведска.