Петмината мажи обвинети за киднапирањето, групното силување и убиство на 23- годишната студентка во Њу Делхи се на суд за прелиминарното сослушување во случајот што ја шокираше Индија.
Околу објектот има засилено обезбедување. Се очекува случајот да се префрли во нов суд за забрзано судење.
Сослушувањето доаѓа по суспендирањето на четворицата индијски полицајци околу справувањето со друг случај на наводно силување и убиство.
Таткото на 21-годишната жртва, вработен во фабрика во предрадието на Делхи- Ноида, изјави за BBC дека ќерка му била групно силувана.
Тој рекол дека полицијата првично не реагирала кога тој го пријавил нејзиното исчезнување и рекле дека најверојатно таа заминала со некој. Случајот поттикнал протести во Ноида.
Двајца се уапсени, а пријавено е дека третиот осомничен избегал.