Почна евакуацијата на 500 украински рудари

Од:

Речиси 500 рудари останаа денеска за кусо време заробени во најголемиот рудник за јаглен на истокот на Украина, кој остана без струја кога граната погоди трафо-станица, но евакуацијата почна и животот на рударите не е во опасност, соопштија локалните власти.

До инцидентот дошло во рудникот за јаглен Засјадко во регионот Доњецк кој е под контрола на проруските сили.

– Во моментот кога се случи прекин на електрична енергија, во рудникот се наоѓаа 496 рудари, изјави претставник на министерството за вонредни состојби на Доњецката област и додаде дека „рударите почнале да излегуваат на површината“.

Во истиот рудник на 11 јануари беа заробени над 300 рудари.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина