Почина Стивен Хокинг

Од:

Стивен Хокинг почина на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

„Многу сме тажни дека нашиот сакан татко почина денес“, се вели во семејната изјава.

Неговото семејство изјави дека починал мирно во својот дом во близина на Универзитетот во Кембриџ.

Во изјавата неговите деца, Луси, Роберт и Тим, рекоа: „Тој беше голем научник и извонреден човек чија работа и наследство ќе живеат многу години”.

Стивен Хокинг им покажа на лекарите дека е возможно да доживее возраст која модерната медицина не можеше да му ја гарантира.

Дијагнозата на латералната амиотропска склероза се појавила кога Хокинг има 21 година, кратко пред неговиот прв брак, а докторите велеле дека нема да преживее повеќе од две или три години.

За време на посетата на истражувачкиот центар ЦЕРН во Женева, 1985, Хокинг добил пневмонија која за неговата состојба била вистинска животна закана и неговиот веќе ограничен респираторен систем бил оштетен. Веднаш му била спроведена трахеотомија и како резултат на тоа ја изгубил и малата способност за говорење која ја поседувал. Од тогаш користи електронски гласовен комјутер за да комуницира.

Наспроти неговиот физички инвалидитет, Хокинг успева самостојно да го води својот живот.

Како студент, бил многу талентиран, но и мрзелив. Тоа го тврди и самиот кога говорел за својот живот. Дури откако му била дијагностицирана болеста, се посветил на науката.

Хокинг во 1974 бил избран како еден од најмладите пријатели на „кралското друштво“, се здобил со почеста „командир во редот на Британската империја“ во 1982 и во 1989 станал „почесен пријател“. Хокинг бил член на одборот на спонзори на „Билтен на атомските научници“.

Во 1974 тој прифатил да го посети Калифорнискиот институт за технологија како професор, за да работи со неговиот пријател Кип Торни. Хокинг останува во контакт со Калифорнискиот институт со тоа што секоја година по еден месец, по 1992, престоjува на ова место.

Тој 30 години бил професор на математичката катедра во Кембричкиот универзитет, преземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври, 2009.

На Кембриџ, Хокинг ги дознава најважните сознанија од полето на физиката, почнувајќи од Ајншајтновата теорија за релативитет, па се до доказот дека Суперновата настанала поради таканаречена „сингуларност“-непоимливо мала точка која не може да се измери со денешните формули или закони.

Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација.

Омилената тема на Хокинг биле црните дупки, галактички монструми кои тежат да проголтаат се што ќе им се доближи. Од таму, доаѓа и неговото најголемо откритие, дека црните дупки не постојат вечно, туку со времето испаруваат, бидејќи емитираат радијација, т.н. Хокингова радијација.

Хокинг бил почесен пријател на кралското друштво на уметности, доживотен член на пaпската академија на науките, а во 2009 е награден со претседателски медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД.

Во поново време директорувал со истражувачкиот центар за теориска космологија во одделот за применета математика и теориска физика на Кембричкиот универзитет.

Хокинг има напишано серија популарни научни книги во прилог на својата академска работа. Првата од тие, „Краткa историја на времето“, е издадена на 1 април, 1988, од Хокинг, неговата фамилија, пријатели и некои од познатите физичари. Изненадувачки, книгата стана бестселер и беше проследена од „Вселената во мало“ (2001). И двете книги станале високо популарни низ целиот свет.

Исто така, популарна била и колекцијата од есеи насловена како „Црни дупки и бебешки универзум“ (1993). Неговата книга „Кратка историја на времето“ (2005), во соработка со Леонард Млодинов, била пишувана со цел да се додаде неговата работа од порано и да биде достапна на многу поширока публика.

Тој и неговата ќерка, Луси Хокинг, неодамна објавиле книга за деца фокусирана на науката, а е опишана како книга слична на Хари Потер, но без магијата. Оваа книга е наречена „Тајниот клуч на Џорџ за во универзумот“ и вклучува информации во врска го Хокинговата радијација.

Хокинг открил дека не гледа некоја поента во добивање на докторат доколку треба за брзо време да умре. Тој подоцна изјавил дека вистинската пресвртна точка бил бракот од 1965 со Џејн Вајлд, студентка по јазик. Покрај тоа, подоцна се здобил со звањето проф.д-р. во Тринити Хол, колеџ на универзитетот Кебриџ.

Џејн Хокинг, првата жена на Стивен, се грижела за него се до 1991 кога тие се разделиле поради притисокот на славата на Хокинг и неговата брзо напредувачка болест. Тие имаат три деца: Роберт (роден во 1967), Луси (родена 1969) и Тимоти (роден 1979). Тогаш Хокинг, во 1995, се оженил за неговата медицинска сестра Елејн Месон (која претходно била омажена за Дејвид Месон, дизајнерот на првата верзија на говорниот комјутер на Хокинг). Во октомври, 2006, Хокинг поднел барање за развод од неговата втора жена, а за причината потврдувале поранешните медицински сестри кои велеле дека таа го злоупотребувала.

Во 1999 Џејн Хокинг објавила мемоар наречен „Музика за движење на ѕвездите“ каде што ја опишува нејзината долга врска со фамилијарен пријател за кој подоцна се омажила.

Во едно интервју во 2004 Хокинг бил прашан за неговото ниво на интелигенција, а тој одговорил: „Не знам, луѓето кои се фалат со висината на нивната интелигенција се губитници“.

Во 2014-та година излезе филмот „The Theory of Everything“, посветен на неговиот живот и дело.

Би можело да ве интересира

Погребан Стивен Хокинг

Наум Локоски

Хокинг оставил аманет за тоа што да пишува на неговиот гроб

Ана Ололовска

Формулата за ентропија на црната дупка – епитаф за Хокинг

Наум Локоски

(ВИДЕО) Стивен Хокинг: Пред Големата Експлозија, немало ништо

Ана Ололовска

Стивен Хокинг: Ако се вонземјани, црно ни се пишува

Наум Локоски

Стивен Хокинг: Ако ви се јават вонземјани, не одговарајте

Ана Ололовска