Почина првиот демократски избран претседател на Гамбија

Од:

Првиот демократски избран претседател на Гамбија, Дауда Каираба Џавара почина на 95-годишна возраст, соопштија властите во земјата.

Претседателството на Гамбија истакна дека Џавара починал во главниот град Бањул, нарекувајќи го „шампион на меѓународниот мир, правда и хуманост“.

Џавара е познат како „татко на нацијата“, бидејќи ги предводеше преговорите кои доведоа до независност на Гамбија од Велика Британија во 1965 година. Тој тогаш бил премиер на Гамбија, држава во западна Африка, додека кралицата Елизабета Втора била шеф на државата, а во 1970 година е избран за претседател.

На таа функција остана се до државниот удар во 1994 година, управувајќи со Гамбија повеќе од две децении. По државниот удар Џавара се преселил во Велика Британија, а во земјата се врати во 2002 година.

Би можело да ве интересира

Гамбија: Индиски производител на лекови одговорен за смртта на најмалку 70 деца од акутна болест на бубрезите

А1он

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19

Ана Ололовска

Гамбија ја обвини Мјанмар за геноцид врз Рохинџите пред судот на ОН во Хаг

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на Гамбија украл 50 милиони државни пари

Ана Ололовска

Поранешниот лидер на Гамбија замина во егзил со 11,4 милиони долари и луксузни возила

Ана Ололовска

Стејт департментот: САД ја поддржува воената интервенција во Гамбија

Ана Ололовска