По Вилнус, и Рига во знак на протест ја преименува улицата во која се наоѓа руската Амбасада

Од:

Градската управа на Рига одлучи да го смени името на улицата на која се наоѓа руската Амбасада во знак на протест поради нападот врз Украина.

Отсега улицата ќе се вика „Улица на украинската независност“ со цел да се изрази „поддршка за херојската борба на украинскиот народ“, објави вчера градската управа на Твитер.

Одлуката на градската управа на Рига уследи по сличниот потег на литванскиот главен град Вилнус, каде ден претходно пристапниот пат до руската амбасада го нарече „Улица на украинските херои“.

Во двата балтички главни града, исто така, во тек се и протести и собири во близина на руските амбасади, откако Русија ја почна инвазијата на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Руско МНР: Москва е против замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

ВИДЕО: Присилна мобилизација во Украина, војната нема да се реши за сто дена

А1он

Трамп, не играј си ултиматуми со Русија

А1он