По разорниот земјотрес: „Цунами наскоро ќе ги погоди Филипините и Јапонија“

Од:

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди островот Минданао на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на длабочина од 63 километри, а наскоро се очекува цунамито да ги погоди Филипините и Јапонија, пренесува Ројтерс. Американскиот географски институт процени дека земјотресот бил со јачина од 7,6 степени и длабочина од 32 километри.

Филипинската сеизмолошка агенција PHIVOLCS соопшти дека брановите на цунами може да ги погодат Филипините до полноќ по локално време (17 часот по македонско време) и може да траат со часови. Јапонската телевизија NHK соопшти дека брановите на цунами до еден метар се очекува да стигнат до западниот брег на Јапонија малку подоцна – до 1:30 часот во недела (17.30 часот по македонско време).

Филипинската владина агенција ги советуваше жителите на источните провинции Суригао Дел Сур и Давао на источниот брег на Минданао веднаш да се евакуираат на повисоките места или да се преселат во внатрешноста на земјата. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека очекува бранови од цунами да ги погодат јужните делови на Филипините и делови од Индонезија, Палау и Малезија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Силен земјотрес го погоди филипинскиот остров Минданао

Филипините повторно ги погоди силен земјотрес

Нов земјотрес на Филипините со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала

Нов силен земјотрес ги погоди Филипините

(ВИДЕО) Потресни снимки од страшниот земјотрес на Филипините: Во тек е евакуација на населението, штетата е голема

Горан Наумовски