По израелскиот напад врз Газа: „Изгубивме контакт со нашите колеги, сериозно сме загрижени“

Од:

Голема меѓународна добротворна организација соопшти дека изгубила секаков контакт со својот персонал во Газа откако регионот претрпел прекин на комуникацијата.

Организацијата ActionAid соопшти дека е сериозно загрижена за безбедноста на своите колеги во блокираната палестинска енклава и повика да се обноват телефонските и интернет услугите.

Вечерва изгубивме секаков контакт со нашите колеги во Газа, се вели во соопштението.

„Ние сме сериозно загрижени за нивната безбедност и безбедноста на сите луѓе во Газа, бидејќи знаците за голема копнена ескалација се зголемуваат по речиси три недели бомбардирање. Итно повикуваме на обновување на каналите за комуникација, бидејќи ова не е само прашање на принцип, но и практична нужност“, велат од организацијата.

Претходно оваа вечер, групацијата за надзор на интернет „Нетблокс“ соопшти дека Газа го претрпе „најголемиот поединечен прекин на интернет конекција“ од почетокот на конфликтот пред речиси три недели.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа