По четири години прво патување со воз низ Алепо

Од:

По повеќе од четири години, стотици Сиријци денеска патуваа со воз низ источниот дел на Алепо. Патувањето е еден месец откако сириската армија го презеде градот.

Тоа е прво патување со воз откако бунтовниците го зазедоа источниот дел на Алепо во летото 2012 година, по што градот беше поделен на западен дел под контрола на сириската Влада и источен дел под контрола на бунтовниците.

Владината инспекција по ослободувањето на Алепо открила околу 40 точки со оштетувања на шините околу Алепо. Возот кој што денеска пристигна во градот беше украсен со портрети на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад