Пламна пожар на најголемиот носач на авиони во светот, повредени се двајца морнари

Од:

Денес избувна пожар на најголемиот носач на авиони во светот, USS Gerald R. Ford.

Централната команда на американските поморски сили соопшти дека пожарот избувнал во главните перални на бродот.

„Причината за пожарот не е поврзана со борба и е под контрола. Нема штета на погонскиот систем на бродот, а носачот на авиони останува целосно оперативен“, се вели во соопштението.

Двајца морнари моментално примаат медицинска помош за повреди кои не се опасни по живот и се во стабилна состојба.

„Дополнителни информации ќе бидат дадени штом ќе станат достапни. Ударната група на носачот на авиони USS Gerald R. Ford моментално работи во Црвеното Море во поддршка на операцијата „Епски бес“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како изгледа највисокиот мост во Иран по нападот

Војната во Иран е фијаско, Time објави инсајдерски извештај од Белата куќа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел под нови ирански напади

Катерина Ѓуровски

ЕУ ги разгледува сите опции поради влијанието на војната врз снабдувањето со енергија

Иран тврди дека соборил американски Ф-35

Воената моќ на Иран останува голема, проценуваат американските разузнавачи