Писториус: Ситуацијата во Сирија ги покажува ризиците со кои се соочуваат руските партнери

Од:

Случувањата во Сирија покажуваат дека земјите кои имаат стратешко партнерство со Русија можат да се потпрат на Москва само додека се корисни за претседателот Владимир Путин, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

За време на кратката посета на Јордан, Писториус застана во воздухопловната база Ал Азрак пред да пристигне во Багдад, каде што ќе разговара за начините како да се помогне за стабилизирање на регионот по падот на сирискиот претседател Башар ал Асад, објави Ројтерс.

Писториус рече дека Путин е „доверлив само се додека тоа им служи на неговите интереси“.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Писториус: Германија како најголема НАТО земја во Европа ја поддржува Украина