Писмото бомба било испратено до шпанскиот премиер Санчез

Од:

Писмото бомба е испратено на адреса на шпанскиот премиер Педро Сачез, пренесува El Pais.

Министерството за внатрешни работи го извести Националниот суд за прием на плик со „пиротехнички материјал“, адресиран до премиерот Педро Санчез.

Воената единица на воздухопловната база Торехон де Ардоз синоќа предупреди за откривање пликови слични на оние што пристигнале во амбасадата на Украина и во компанијата за производство на оружје Инсталаз од Сарагоса, а адресирани до сателитскиот центар на ЕУ.

На сомнителниот допис утрово реагираа и безбедносните служби на штабот на Министерството за одбрана. Централниот истражен суд е одговорен за случајот, поради индиции за можно кривично дело тероризам, пренесува Ел Паис.

Шпанските безбедносни сили утринава пронајдоа трета експлозивна направа скриена во пакет испратен до воздухопловната база во Торехон де Ардоз во близина на Мадрид, објави весникот „Ел Мундо“.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени