Писателот на „Галебот Џонатан Ливингстон” повреден во авионска несреќа

Од:

Ричард Бах, пилот и автор на славната новела „Галебот Џонатан Ливингстон” серизоно е повреден во авионска несреќа откако малиот авион со кој управувал се урнал при слетувањето во Сан Хуан во државата Вашингтон.

Едномоторниот авион при слетувањето на полскиот аеродром во Сан Хуан се закачил за жици од далновод, се наведува во соопштението на локалните власти. Авионот при падот останал превртен наопаку, а 76-годишниот Ричард Бах останал заробен во кабината со повреди на главата и скршено раме. Нему му помогнале група туристи којашто го пронашла, по што пилотот со хеликоптер е префрлен во болница во Сиетел која објави дека се наоѓа во тешка состојба.

Бах во новелата „Галебот Џонатан Ливингсто” објавена во 1970 година која стана дел од листата на книжевните бестселери на The New York Times две години, раскажува приказна за галебот кој сака да стане и на крајот станува перфектен летач, но кого го исфрлаат од јатото. Според оваа славна новела, во 1973 година е снимен филм.

Помал но сепак забележителен успех кај читателите Бах постигна и со неговите други две новели „Привиди” и „Едно”.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот