Тајвански воен авион Ф-5Е утрово се урна за време на тренажен лет, соопшти Министерството за одбрана.
Авионот се урна во Тихи Океан на помалку од две минути по полетувањето од авиобазата. Пилотот и покрај тоа што се катапултира, почина во болница.
Причината за несреќата се уште не е позната, но Тајван се соочува со застарена авиофлота. Авионот Ф-5Е датира од 70-тите години на минатиот век и досега повеќепати бил надградуван.