Пилот спиел, стјуардеса си играла во кабината

Од:

Пилот на авиокомпанијата „Ер Индија“ е суспендиран поради обвинението дека во тек на лет ги ставил во опасност животите на 160 патника, бидејќи спиел во бизнис класата на авионот, додека оставил две стјуардеси во пилотската кабина.

Британски медиуми наведуваат дека пилотот и копилотот 40 минути подоцна се вратиле во кабината , откако случајно една од стјуардесите го исклучила автопилотот.

Инцидентот се случи во текот на април на лет од Бангкок до Њу Делхи. Индиската авиокомпанија негираше дека безбедноста на патниците била загрозена.

Во соопштението се истакнува дека две стјуардеси останале подолго во пилотската кабина отколку што тоа е дозволено, но негираа дека пилотот и копилотот ја напуштиле пилотската кабина.

Од компанијата сепак признаа дека вниманието на пилотот било попречувано, додека стјуардесите биле во пилотската кабина и дека автопилотот бил исклучен во тек на инцидентот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати