Пијан маж украде 40 рози од цвеќарница – сега му се заканува 4 години затвор

Од:

Маж украде 40 рози од цвеќарница во Јелизово, на Камчатка, а потоа ги дал на непозната девојка на улица, објавија медиумите.

Против него е покрената истрага, а врз основа на рускиот кривичен закон, максималната казна за ваков вид кражба е до четири години затвор.

Продавничка во цвеќарница ја пријавила кражбата, а осомничениот брзо бил идентификуван благодарение на снимките од надзорните камери.

Тој е приведен, а станува збор за 31-годишен локален жител кој веќе ѝ е познат на полицијата.

„Утврдено е дека мажот бил во алкохолизирана состојба кога поминал покрај цвеќарницата. Гледајќи ги изложените рози, ги зграпчил и истрчал на улицата. Кога, сепак, набрзо сфатил дека не му требаат цвеќињата што ги украл, му ги дал на минувач“, наведува локалната полиција во своето соопштение.

Би можело да ве интересира

Пијан татко си ја истепа ќерката

Силен земјотрес ја погоди Камчатка: Нема жртви, има само материјална штета

Горан Наумовски

Нов, силен земјотрес на источниот брег на Камчатка

Уапсени пијани возачи од Велес, Росоман и Демир Капија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала во близина на Камчатка

Руската база на нуклеарни подморници е оштетена по земјотресот на Камчатка, објави Њујорк тајмс